121
Екипата на
Арсенал во претстојниот летен трансфер преоден период би можел да се засили со
23 годишниот фудбалер од средниот ред на италијанскиот шампион Јувентус, Марио
Лемина.
Англиските
медиуми пренесуваат дека тимот од Лондон подготвува да испрати и официјална
понуда до Јувентус за ангажман на Лемина, истата наводно изнесува околу 23 милиони
евра.
Лемина во Торино
пристигна во 2015. година од редовите на Олимпик Марсеј од Франција за сума од
околу 10,5 милиони евра, сезонава одигра 18 натпревари, притоа постигна и еден
погодок.