„Топчиите“ изминатиов викенд направија значаен прогрес во преговорите со Виктор Ѓокереш, Нони Мадуеке и Кристијан Москера, па наскоро ќе треба да реализираат три зделки вредни околу 150 милиони евра.
Арсенал е прилично активен на трансфер пазарот и води преговори на неколку фронта.
Изминатиов викенд прво го договори трансферот на Нони Мадуеке од Челси во зделка вредна околу 60 милиони евра, а потоа направи и значаен прогрес во преговорите со Спортинг за ангажман на Виктор Ѓокереш во зделка вредна околу 73,5 милиони евра.
На крајот беше пронајден и компромис со Валенсија за ангажман на дефанзивецот Кристијан Москера за 20 милиони евра.
Сега треба да се испеглаат деталите и фудбалерите да пристигнат на лекарски прегледи – прв кој ќе го направи ова е Нони Мадуеке, останатите двајца се очекуваат во Лондон подоцна во текот на неделата.