87
Арсенал ја забележа седмата победа од исто толку натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона откако топчиите денеска со 3-1 го совладаа Интер на негов терен.
Во Милано се одигра интересен, возбудлив натпревар со четири гола и повеќе шанси и на двете страни, на крајот топчиите си одат со победа.
Габриел Жесус даде гол уште во десетата минута за водство на Арсенал од 1-0.
Осум минути подоцна Сучиќ постигна прекрасен гол за израмнување на 1-1, но Габриел Жесус даде уште еден гол, погоди во 31. минута и го врати водството на Арсенал.
Во 84. минута Ѓокереш постигна погодок и го постави конечниот резултат од 3-1.
Видео наскоро…