Медиумите од „островото“ пренесуваат дека капитенот на Арсенал, Мартин Одегард ја обновил повредата и се очекува да се врати на терените дури во декември.
Мартин Одегард се повреди минатиот месец на должност со Норвешка, фудбалерот од средниот ред ги оштети лигаментите на скочниот зглоб и се очекуваше дека ќе паузира до средината на октомври.
Но последните информации велат дека процесот на рехабилитација не оди според планот, Мартин Одегард ја обновил повредата и ќе паузира многу подолго од првичните прогнози.
Како што пренесува скаутот Кон Харисон, кој обично има инсајдерски информации, Мартин Одегард нема да се врати на терените дури до декември.
Ова се лоши вести за Микел Артета и „топчиите“, кои ќе мораат без својот капитен во следните 10 натпревари.