Арсенал остана без две големи ѕвезди пред една од најважните седмици во сезоната

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал продолжува да се бори на сите фронтови оваа сезона, но пред клучните натпревари тимот на Микел Артета се соочува со нови проблеми со повреди.

Лондонскиот клуб во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Баер Леверкузен ќе биде без двајца важни играчи. Артета потврди дека Мартин Одегард и Јуриен Тимбер нема да настапат поради повреди, а неизвесно е дали ќе бидат подготвени и за финалето во Лига купот против Манчестер Сити кое се игра во недела.

Ќе мораме да почекаме и да видиме дали ќе се опорават до финалето. Сите ни се потребни во овој момент. Го следевме нивниот настап за викенд против Баерн. Станува збор за многу добро организиран тим со јасна стратегија, знаеме што треба направиме и веруваме ќе успееме пред нашите навивачи“, изјави Артета. 

Првиот натпревар во Германија заврши без победник 1-1, па патникот во четвртфиналето ќе се решава во Лондон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×