Арсенал одбил голема понуда од Сити за Санчез, но клубот од Манчестер нема да се откаже

by
1 минути читање

Остануваат уште два дена до крајот на преодниот рок, а Манчестер Сити прави силни обиди да го заокружи трансфер пазарот со ангажман на Алексис Санчез.

„Скај Спортс“ дознава дека Манчестер Сити испратиле понуда од 50 милиони фунти до Арсенал која не вклучувала фудбалер како замена.

„Топчиите“ ја одбиле понудата под изговор дека Санчез не е на продажба.

Но, англиските медиуми веруваат дека Манчестер Сити уште утре ќе се врати со нова подобрена понуда.

Прогнозите се дека Арсенал нема да може да оддолее на притисокот и Алексис Санчез ќе го напушти клубот. Остануваат само уште 48 часа да видиме дали тоа ќе се случи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани