Капитенот на една екипа не само што треба да биде добар играч туку треба да е пример со своето однесување на теренот, треба да има лидерски способности и да предизвикува почит од соиграчите и фановите.
Многумина се чудеа кога Емери одбра Џака да биде капитен на Арсенал. Тој е еден од послабите играчи во тимот и често знае да направи грешка по која ќе примат гол.
Денешниот меч против Кристал Палас кој заврши без победник, покажа дека навивачите на Арсенал биле во право, Џака се однесуваше така како што не треба да се однесува еден капитен.
Беше исвиркан од навивачите кога излегуваше од теренот. Одејќи накај соблекувалната тој најпрво ја стави раката на увото и ги провоцираше фановите на Арсенал, потоа им рече да одјебат, а на крај го соблече дресот и го пушти на земја пред да влезе во тунелот.
Многу од фановите на Арсенал бараат уште денеска да му биде земена капитенската лента на Џака.
Granit Xhaka. Arsenal’s captain. #ARSCRY pic.twitter.com/k2iAeuka48
— Football Survivor (@footiesurvivor) October 27, 2019