Арсенал нема одбрана, ама ќе има страшна офанзива: Филипе Кутињо пристигнува на Емирати

by
1 минути читање

Барселона ја реши иднината на Филипе Кутињо, барам така пренесе попладнево Л’Екип. Реномираниот весник од Франција објави дека Бразилецот се враќа во Премиерлигата.

Тој треба да биде испратен во Северен Лондон на позајмица, а повеќе детали од зделката не беа откриени. Л’Екип не наведе колку пари ќе платат „топчиите“ за тоа што ќе ги користат услугите на Филипе Кутињо во следните 12 месеци, ниту пак дали ќе добијат опција во целост да го купат играчот.

Медиумите од Шпанија уште пред неколку дена говореа за идејата Бразилецот да биде испратен на позајмица за сума од 25-30 милиони евра, а дуелот помеѓу Барселона и Арсенал на трофеј „Жоан Гампер“ се гледаше како идеално место за преговори.

Доколку се реализираат ваквите најави, „топчиите“ ќе имаат страшна офанзива со Обамејанг, Лаказет, Озил, Мхитарјан, Пепе, Кутињо и уште неколку млади играчи, но одбраната и понатаму ќе остане најголем проблем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×