Арсенал не завршил со преодниот рок: Може да се засили со фудбалер на Баер Леверкузен

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Арсенал одлично ја започна новата сезона во Премиер лигатаа и во овој момент избраниците на Микел Артета важат за едни од главните фаворити за трофејот.

Според информациите на познатиот инсајдер, Дејвид Орнштајн, Арсенал го контактирал Баер Леверкузен и се распрашувал за услугите на еквадорскиот дефанзивец, Пјер Хинкапие.

Станува збор за 23-годишен фудбалер кој неколку сезони наназад прикажува солидни настапи во дресот на Бундеслигашот.

Леверкузен Еквадорецот го доведе пред четири години од аргентинскиот Таларес и за него плати 6.3 милиони евра. Сега се проценува на десет пати поголема сума и во почетните преговори со Арсенал од Леверкузен наводно побарале 60 милони евра.

Покрај Арсенал, интерес за услугите на Хинкапие покажал и нивниот градски ривал, Тотнем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×