„Арсенал не може да биде кандидат за титулата додека Венгер е тренер“

by
1 минути читање

Арсенал игра променливо и оваа сезона, имаат два порази по ред во Премиерлигата и во моментов се на четвртото место на табелата.

Дел од навивачите бараат заминување на Арсен Венгер бидејќи тој одамна не успева да направи конкурентен тим кој ќе се бори за најголемите титули.

Арсенал постојано е при врвот, но никој за него не зборува како за сериозен кандидат за титулата. Дури и кога ќе заврши на второто место, како во минатата сезона, тимот не изгледа дека се бори за трофејот.

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Диего Форлан вели дека луѓето му се смеат на Арсенал кога некој ќе ги спомне како кандидати за трофејот.

„Кога е Венгер во прашање, мислењата се поделени“ – вели Форлан.

„Тоа е тажно бидејќи тој е фантастичен тренер, но очигледно е дека нешто не е во ред“.

„Арсенал не може да биде гледан како сериозен кандидат за титулата додека Венгер не си оди“.

„Кога некој ќе каже дека Арсенал е кандидат за титулата, луѓето се смеат бидејќи не можат да помислат дека тоа може да се случи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани