27
Избраниците на Микел Артета ќе го дочекаат Божиќ како лидери на табелата во Премиерлигата откако вечерва со 0-1 славеа на гостувањето кај Евертон.
„Топчиите“ беа под притисок откако Манчестер Сити попладнево лесно го победи Вест Хем со 3-0, но одговорија на предизвикот и славеа кај Евертон.
Единствениот гол на мечот беше дело на Ѓокереш, кој погоди од пенал во 27. минута од мечот.
Па Арсенал и оваа сезона ќе го дочека Божиќ како лидер на табелата, останува да се види дали ова конечно ќе им донесе и титула на крајот.
На вториот натпревар од 21 часот, Лидс освои три важни бода со триумф над Кристал Палас од 4-1.
ФОТО: X/Arsenal