„Топџиите“ го надиграа Манчестер јунајтед и
беа супериорни но тоа не им значи ништо бидејќи гостинот од Емирати си заминува
со три бода.
Домаќините катастрофално го отворија натпреварот, најпрво грешката на Косјелни
резултираше со погодок на Валенсија во 4. минута, а потоа киксот на Мустафи
значеше гол на Лингард за водство на „Црвентие Ѓаволи“ од 0-2 по само 11.
минути.
Арсенал потоа
нападна со сите сили, имаше неколку добри шанси но Де Геа со фантастични
одбрани го чуваше својот гол, а и стативата беше сојузник по ударот на Лаказет.
Французинот сепак
погоди на стартот од вториот дел и го врати Арсенал во игра. „Топчиите“ за
кратко можеа целосно да ја анулираат предноста на противникот но Де Геа со две
фантастични одбрани ги излуди домаќините.
Потоа следуваше
казна и по една контра, Лингард погоди по втор пат за 1-3, гол кој го скрши
духот на Арсенал.
Погба во 74.
минута заработи црвен, но ниту фудбалерот повеќе не им помогна на „Топчиите“ кои
мораа да се помират со пораз и покрај неверојатната стистика која вели дека
Арсенал имал посед на топка од 75%, упатил 33 шута од кои 15 биле во рамките на
голот, а домаќините изведоа и 12 корнери, наспроти само еден на гостите.
Манчестер
јунајтед со само 4 шутеви во рамките од голот, си замина дома со три погодока и три
бода.