Арсенал долго се мачеше, но во самиот финиш успеа да го скрши отпорот на Евертон и да стигне до важна победа од 2-0 во трката за титулата во Премиер лигата.
Тимот на Микел Артета имаше контрола врз натпреварот и создаде значително повеќе шанси од противникот, но во првото полувреме недостасуваше завршницата, па мрежите мируваа.
Слична беше сликата и во вториот дел, Арсенал напаѓаше, а Евертон се бранеше. Решавачкиот момент се случи дури во 89. минута кога Виктор Ѓокереш се најде на вистинското место по нафрлувањето на Инкапие и ја затресе мрежата, при што голманот Џордан Пикфорд лошо реагираше во таа ситуација.
Во судиското продолжение, кога Пикфорд тргна напред во обид да помогне во нападот, тинејџерот Дауман ја искористи празната мрежа и го постави конечниот резултат.
Со оваа победа Арсенал има десет бода предност пред Манчестер сити, но „граѓаните“ имаат и два натпревари помалку.
Во вториот натпревар во истиот термин Њукасл беше подобар од Челси со 1-0, голот го постигна Гордон.