Арсенал може да се раздели со дури 11 фудбалери за Артета да добие 4 топ засилувања

by bojan
1 минути читање
Арсенал, Манчестер Сити

Новиот спортски директор на Арсенал, Андреа Берта планира голема чистка по крајот на сезоната, медиумите шпекулираат дека од Северен Лондон можат да си заминат дури 11 фудбалери со цел да се отвори простор за ангажман на 4 топ засилувања.

Во пресрет на летниот преоден рок, „топчиите“ го именуваа Андреа Берта како нов спортски директор, кој ќе треба да скрои тим со кој Микел Артета ќе може да атакува на титулата во Премиерлигата.

Микел Артета сака да му бидат донесени четири топ засилувања, односно напаѓач, крило, фудбалер за централниот дел на средниот ред и уште еден квалитетен голман.

За да се финансираат овие зделки, клубот ќе го напуштат неколку фудбалери, одредени медиуми шпекулираат дека на излезна врата можат да се најдат дури 11 играчи.

На листата за отстрел се имиња како Зинченко, Кивиор, Парти, Жоржињо, Тирни, Тавареш, Локонга, Нелсон, Виеира, Тросар, Томијасу, Стерлинг и Нето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани