Иако веќе потрошија 293.5 милиони евра на нови засилувања, управата на Арсенал како што стојат работите ќе доведе ново име и тоа во одбраната.
Станува збор за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Пјер Инкапие кој има 23 годни. Лондонскиот клуб ќе го напушти полскиот репрезентативец, Јакуб Кивиор кој може да игра како стопер и лево во одбраната, а кариерата ќе ја продолжи веројатно во Порто.
Поради тоа на „топџиите“ им беше потребно ново име, а Артета верува дека Еквадорецот кој во Леверкузен пристигна пред четири години од агентинскиот Талларес за шест милиони евра е идеално решение.
Неговиот договор со бундеслигашот има важност до 2029 година и во него им откупна клаузула во износ од 60 милиони евра.