Арсенал летоска сакал да ангажира фудбалер на Реал Мадрид… а тоа не бил Родриго

by bojan
1 минути читање
Артета

„Топчиите“ изминатово лето сакале да донесат засилување од Реал Мадрид, Микел Артета побарал да биде ангажиран Арда Ѓулер.

Клубот од Северен Лондон изминатово лето постави засилување на офанзивата како еден од приоритетите и на „Емирати“ пристигнаа Виктор Ѓокереш од Спортинг, Нони Мадуеке од Челси и Еберечи Езе од Арсенал.

Последните информации велат дека Арсенал сака да донесе засилување од Реал Мадрид, а тоа не бил Родриго, како што често се пишуваше изминативе месеци.

Микел Артета го меркал Арда Ѓулер, и во еден момент се чинело дека има простор за една ваква зделка, бидејќи Турчинот добиваше мала минутажа кај Карло Анчелоти.

Но се се променило со пристигнувањето на Чаби Алонсо, кој веднаш го смести Арда Ѓулер како важна алка од тимот за иднината.

Сепак, не се исклучува можноста Арсенал во јануари да има нов обид, доколку Турчинот падне во втор план по враќањето на Џуд Белингем, и прогресот на Франко Мастантуоно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×