166
Дел од италијанските
медиуми пренесуваат дека Карло Анчелоти ќе биде замената за долгогодишниот
тренер на Арсенал, Арсен Венгер на крајот од оваа сезона.
„Кориере дело Спорт“
известува дека раководството на тимот од Лондон донело одлука францускиот
стратег да си замине од клубот на крајот од оваа сезона, по 21 година мината на
клупата на Арсенал.
Италијанскиот весник
пренесува дека Анчелоти веќе ги договорил и условите со Премиерлигашот каде ќе
заработува десет милиони евра годишна плата.