Арсенал ги финализира преговорите со Фулам за трансфер на Емил Смит Роу во зделка вредна околу 35 милиони фунти што ќе преставува рекордна продажба на „топчиите“.
Емил Смит Роу важеше за еден од најголемите таленти во школата на Арсенал и се најавуваше како новата ѕвезда на „топчиите“, но повредите го забавија неговиот прогрес и офанзивниот фудбалер изминативе две сезони има ограничена минутажа кај Микел Артета.
Па 23 годишниот фудбалер сега е пред заминување од Арсенал, во финална фаза се преговорите за негов трансфер во Фулам.
„Топчиите“ во прв момент одбија предлог вреден околу 30 милиони фунти, но дадоа зелено светло откако Фулам на маса стави 35 милиони фунти.
Со ваква сума, Емил Смит Роу ќе стане најголемата продажба во историјата на Арсенал. Рекордот може да падна и по втор пат до крајот на летото со Еди Нкетија, за кого „топчиите“ бараат над 40 милиони фунти.