Манчестер Сити би можел за 30 милиони фунти да го добие
Чилеанецот од редовите на Арсенал, Алексис Санчез во јануарскиот преоден рок.
Како и да е, се чини дека Арсен Венгер нема да попушти од
претходно наведената сума која наводно клубот веќе ја одредил за продажба на
Чилеанецот во јануари, и покрај тоа што Пеп Гвардиола е подготвен да издвои
десет милиони фунти помалку во однос на таа сума, барем според пишувањата на „The Sun“.
„Арсенал се уште се нема изјаснето за Алексис, ние сме
подготвени да издвоиме повеќе од 20 милиони фунти за него во јануари, а тие и натаму
испраќаат пораки дека сакаат повеќе од 30 милиони фунти, нешто што води кон
сосема поинаков правец во преговорите…“ вели извор од Манчестер Сити за „The Sun“.
„Според тоа што го знаеме, Санчез сака да се пресели,
имаме чувство дека имаме поддршка во овие моменти“ додава истиот извор.
Тоа што е сигурно, актуелниот важечки договор на Санчез
со Арсенал истекува идното лето, а тој би можел да си замине во јуни без
никакво обештетување доколку Арсенал не го продаде во јануарскиот преоден рок.