Арсенал ја наполни мрежата на Хадерсфилд, Сити во 96. минута го победи Саутемптон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Топчиите“ се
загреаа за дербито со Манчестер јунајтед со висока победа над Хадерсфилд,
избраниците на Венгер ја наполнија мрежата на новајлијата.

Резултатот беше
отворен уште на стартот, Рамзи одлично го проигра Лаказет кој стрелаше прецизно
за 1-0 во 3. минута.

Хадерсфилд потоа
добро се држеше се до 68. минута, кога по една одлична акција, Озил му
асистираше на Жиру за рутинска завршница и 2-0.

Гостите одново
капитулираа 60 секунди подоцна, Озил го проигра Санчез за 3-0. По двете
асистенции, самиот Озил се запиша во листата на стрелците во 72. минута. Конечниот
резултат беше дело на Жиру во 87. минута.


Манчестер Сити ја
продолжи победничката серија, „Граѓаните“ вечерва триумфираа над Саутемптон
длабоко во судиското надополнување.

По едно мирно
прво полувреме, избраниците на Гвардиола поведоа во 47. минута со автоголот на
Ван Дијк.

Ромеу во 75.
минута донесе 1-1, Шпанецот биеше неодбранливо од пет метри и најави
изненадување.

Но домаќините
успеаја да стигнат до победа во 96. минута откако Стерлинг прецизно реализираше
една одлична тимска акција.


Ливерпул лесно се
справи со Стоук, и од гостувањето на Бет365 Стадионот се враќа со 0-3 и три
бода. Челси со минимални 1-0 славеше над Свонси,  Евертон со убедливи 4-0 го доби Вест Хем, а
Барнли славеше со 1-2 кај Борнмут.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×