Неколку извори објавија дека Арсенал денеска понудил 60 милиони фунти за ангажман на Оли Воткинс од Астон Вила, но предлогот веднаш бил одбиен.
„Топчиите“ се во потрага на нов напаѓач, низ медиумите изминативе денови кружеа неколку имиња, а попладнево се појавија информации за изненадувачки обид на Арсенал да го ангажира Оли Воткинс.
Неколку извори објавија дека клубот од Емирати понудил 60 милиони фунти за голгетерот на Астон Вила.
Новинарот Фабрицио Романо вели дека предлогот веднаш бил одбиен и клубот од Вила Парк воопшто не бил задоволен од тајмингот на Арсенал, односно тоа што понудата била доставена непосредно пред важен натпревар во Лигата на шампиони.
Има и такви извори кои велат дека се очекува преговорите да се интензивираат во следните денови, самиот Оли Воткинс е привлечен од идејата да го облече дресот на „топчиите“.