Според информациите кои пристигнуваат, се вели дека
англискиот премиерлигаш почна со истрага за да директно ги открие причините за
тоа како толку многу фанови на германскиот бундеслигаш Келн се организирале
толку добро за да влезат на „Емирејтс“ арената синоќа.
Иако гостинската екипа имаше 3.000 влезници за
синоќешниот меч од Лига Европа кој се одигра во Лондон и на кој домаќините
славеа со 3-1, на трибините пред самиот старт на мечот „експресно“ почнаа да се
сместуваат навивачи на Келн, многу повеќе од предвидената бројка, а Германците со досетливи трикови успеале да
стигнат до влезница за синоќешниот натпревар во Лондон, а во овој град ги имаше околу 20.000.
Она што е познато, фановите на Келн во изминатиов месец
станале членови на Арсенал, а веднаш потоа купувале и дресови на премиерлигашот
за да ги минат успешно контролите на арената.
Од информациите кои ги објавуваат медиумите на Островот
се вели дека засега петмина се уапсени по проблемите кои настанаа на „Емирејтс“,
проблеми кои го одложија мечот за цел час.
Стратегот од клупата на Арсенал, Арсен Венгер по мечот ги
прокоментира навивачите на Келн, за кои кажа дека биле премногу „итри“ во
обидите да дојдат до влезница за натпреварот.
„Тие беа премногу итри, снаодливи, не знам како успеаа да се
инфилтрираат помеѓу нашите навивачи и да бидат насекаде на трибините, тоа го
направија премногу добро… Не знам дали минале успешно низ контролите со
членство во Арсенал, на интернет и слично, но, како и да е, сето тоа што го
направиле било многу успешен план од нивна страна…“ истакна Французинот по
мечот.
Од друга страна пак, тренерот на германскиот тим, Петер
Штогер не сакаше да ги коментира фановите на неговиот тим, а портпаролот на
бундеслигашот истакна дека клубот ќе објавел соопштение откако ќе ја разгледа
целата ситуација.