Арсенал има три опции за замена на Санчез

by
1 минути читање

Алексис Санчез најверојатно нема да го продолжи договорот со Арсенал и ќе си замине во летниот преоден рок. Клубот има неколку опции за негова замена.

Според англиските медиуми, Арсенал има три опции. Прв пик е офанзивецот на Лион, Александре Лаказет, за кој интерес има и од Ливерпул. Тој има постигнато 22 голови во 22 натпревари во Франција оваа сезона, само Кавани има повеќе од него.

Втора опција е Марко Ројс од Борусија Дортмунд кој може да игра како напаѓач но и да оперира во средниот дел од теренот. Оваа сезона постигна шест голови на 14 натпревари. Во добар дел од сезоната беше отсустен и поради повреди.

Трета опција е Андре Силва од Порто кој има само 21 година, оваа сезона постигна 18 голови на 33 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани