Арсенал треба да ја промени цела политика на плати за да ги удоволи барањата на Санчез и Озил кои имаат уште една година од актуелните договори.
Според „Мирор“, Санчез и Озил бараат неделна плата од 350.000 фунти за стават потпис на продолжување на соработката. Во моментов и двајцата заработуваат по 140.000 фунти неделно.
Арсенал им нуди 280.000 фунти, што е двојно повеќе од нивната актуелна плата, но фудбалерите се цврсти во нивните барања.
Тие го користат фактот што имаат уште една година од договорот па Арсенал нема многу опции. Едната е да ги продаде ова лето и да заработи од нивното заминување, втората е да им ги удоволи барањата и да ја продолжи соработката. Во спротивно и двајцата како слободни играчи за една година ќе го напуштат клубот.
Откако потпиша нов договор, навивачите на Арсенал очекуваат Венгер да покаже посериозна амбиција кон големите трофеи а прв тест за тоа е токму ситуацијата со Санчез и Озил.