„ББЦ“ пренесува
дека Арсенал ќе му понуди на својот капитен Гранит Џака советувања за тоа како
да се справи со критиките на своја адреса, нешто што се адресира до него подолг
период од самото доаѓање во Лондон по трансферот од Борусија Менхенгладбах за
45 милиони фунти пред две години.
Повлечен од игра
во второто полувреме од градското дерби против Кристал Палас кое заврши со реми
и резултат од 2-2, капитенот на „Топчиите“ доби големо негодување од
гледалиштето, а тој не се колебаше во тоа како да реагира, па уште толку ја „зовре“
атмосферата на „Емирејтс“ арената кај гневните фанови на Арсенал.
Како и да е, од
тоа што досега е познато, неговите соиграчи од тимот на Арсенал веќе поминаа
дел од своето време во неговиот дом, за да се обидат да го утешат, а веројатно
е дека од нивна страна ја има поддршката.
„Тој е
вознемирен, уништен и премногу тажен“ рече шефот на стручниот штаб на Арсенал,
Унаи Емери кој притоа посочи дека Џака чувствува дека навивачите на клубот
воопшто не го сакаат.
Швајцарецот се
уште не се извини јавно за својот гест кон навивачите, а од инцидентот па
наваму, бележиме и дека на социјалните мрежи профилната фотографија како
капитен на Арсенал е заменета со онаа во иста улога во националниот состав на
Швајцарија.
Голема дилема се
постави околу капитентската лента во Арсенал, инаку Џака беше изгласан за таква
улога од неговите соиграчи во тимот изминатото лето.