Арсенал има ново „чудо од дете“, 15 годишниот Макс Доумен имаше свое шоу против Њукасл (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

15 годишниот Макс Доумен го украде шоуто на пресметката помеѓу Арсенал и Њукасл во Сингапур, младото момче доби половина час и импресионираше со партијата која ја прикажа.

„Топчиите“ го добија и вториот натпревар на турнејата во Азија, денеска момците на Микел Артета триумфираа над Њукасл.

Една од главните теми по овој натпревар е 15 годишниот Макс Доумен, кој доби половина час.

Младото момче имаше неколку квалитетни продори, малку фалеше да постигне гол, во два наврати се обиде да пласира, а и врз него беше направен и пеналот со кој Арсенал стигна до победата.

Очигледно „топчиите“ имаат ново „чудо од дете“ во своите редови и фудбалер кој може да блесне во годините кои доаѓаат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×