993
Eкипата на Арсенал назначи нов спортски директор и во иднина оваа позиција во лондонскиот клуб ќе ја извршува Андреа Берта.
Човекот кој најголемата слава ја стекна како спортски директор на Атлетико Мадрид до крајот на овој викенд ќе потпише договор со Арсенал.
На оваа позиција го наследува Еду кој ја извршуваше функцијата до ноември.
Берта во јануари го напушти Атлетико Мадрид откако претходно помина 12 години во клубот.
Кариерата како спортски директор ја започна во Парма, а потоа рабптеше со Гасперини во Џенова од каде што дојде во Атлетико.
Во Атлетико доведе бројни големи имиња како: Гризман, Ернандез, Алверез, Диего Коста, Родри, Облак, Суарез…