Арсенал има листа од четворица можни наследници на Венгер

by
2 минути читање

Актуелниот договор на Арсен Венгер со Арсенал истекува престојното лето. Клубот не сака тој да замине, но нејасно е дали Французинот ќе стави потпис на продолжување на соработката.

Според „Мирор“, Арсенал ништо не остава на случајот и има кратка листа од можни негови наследници.

Прв кандидат е тренерот на Борусија Дортмунд, Томас Тухел кој има репутација на еден од најперспективните тренер во Европа.

Тухел би бил одлична замена за Арсен Венгер и од причина што би ја продолжил офанзивната фолозофија на фудбал која стана заштитен знак на Арсенал откако пред 21 година Венгер седна на кормилото на топчиите.

Втор на листата е тренерот на Јувентус, Масимо Алегри. Тој важи за вистински победник и се верува дека Арсенал со него може да стане конкурент за најголемите трофеи.

Она што може нема да им се допадне на навивачите ќе биде стилот на игра. Италијанските тренери преферираат дефанзивен фудбал, таков е примерот и со Конте во Челси.

Изненадување на листата е Роџер Шмид, актуелниот тренер на Баер Леверкузен. 49-годишниот стратег со германскиот тим избори пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. Практикува офанзивен фудбал со што се вклопува во сегашната филозофија на клубот од Северен Лондон.

На листата место има уште за тренерот на Монако, Леонардо Жардим. Тимот од малото кнежество изгледа фантастично оваа сезона и е голем кандидат да му ја земе титулата на ПСЖ. Во моментов се на чело на табелата во Франција.

Под негово водство Монако игра страшно офанзивен фудбал со просек од околу три гола по натпревар. Во 24 кола има дадено 70 голови, а од останатите клубови во лигата никој се уште не стигнал ниту до бројката од 50.

Се чини дека и овој пат последниот збор ќе го има Арсен Венгер кој ќе одлучи дали ќе остане во Арсенал или по долг период ќе го напушти клубот. Како и да е, Арсенал нема да биде изненаден на било кој одговор од Французинот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани