Стратегот на Арсенал, Микел Артета, е подготвен да влезе во трка за потписот на талентираниот фудбалер за врска на Елче, Родриго Мендоза, а негов најголем конкурент ќе биде долгогодишниот негов пријател и стратег на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.
Младиот шпански репрезентативец, чија откупна клаузула изнесува 20 милиони евра, со одличните настапи во Ла Лига го привлече вниманието на повеќе европски гиганти, меѓу кои и Манчестер сити, сепак во прв ред се истакнуваат Арсенал и Реал Мадрид.
Мендоза е производ на младинската школа на Елче и во првиот тим дебитираше во 2022 година. Минатата сезона беше еден од клучните играчи во сезоната во која Елче се избори за враќање во Елитата. Добрата форма ја продолжи и во актуелната сезона во која има девет настапи и еден погодок.
Скаутите на Арсенал веќе подолго време внимателно го следат развојот на 20-годишникот и подготвени се да ја активираат неговата клаузула од 20 милиони евра. Но „топџиите“ имаат и сериозна конкуренција, па така сигурно нема да им биде лесно.