Арсенал и ПСЖ подготвуваат спектакуларна трампа

by
1 минути читање

Чилеанецот беше
на чекор до Манчестер Сити во последниот ден од летниот преоден рок,
„Граѓаните“ веруваа дека го имаат потписот на Алексис Санчез, но Арсенал се
повлече од зделката во 5 до 12 откако „Топчиите“ не успеаја да го договорат Томас
Лемар од Монако.

Алексис Санчез е
во последната година од договорот, па прашање на време е кога ќе замине, дали
во јануари или пак по крајот на сезоната како слободен играч.

Неколку весници
од „Островото“ денеска пишуваат за можноста Арсенал да се раздели со Чилеанецот
во зимскиот преоден рок и така да заработи нешто.

„Топчиите“
наводно сакаат спектакуларна трампа во која Алексис Санчез ќе се пресели во
Париз, а во Лондон ќе пристигне Јулијан Дракслер.

Германецот и летоска се поврзуваше со заминување од Паркот на Принцовите поради големиот
број на офанзивни играчи во ПСЖ, но сега добива солидна минутажа. Сепак евентуално пристигнување на Алексис Санчез
само дополнително ќе му ја искомпликува ситуацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани