232
Арсенал не може да фати посакуван ритам пред стартот на сезоната. „Топчиите“ претрпеа втор пораз во низа во подготвителниот период бидејќи загубија од Виљареал на домашен терен со 2-3.
Стартот на натпреварот на „Емирати“ во целост им припадна на гостите, бидејќи двојна предност донесоа екс-играчот на Арсенал Никола Пепе и Ета Ејонг до 33. минута. До полувремето деби-гол за новиот клуб даде Кристијан Норгард и ја намали негативата (1-2).
По период во кој имаше многу замени Виљареал преку Данјума успеа да стекне двојна предност по вторпат. Потоа конечните 2-3 ги постави Мартин Одегард од белата точка.
По натпреварот се изведуваа и пенали кои Виљареал ги доби со 4-3.