Арсенал со победа ја затвори 2025 година и повторно се искачи на врвот во Премиер лигата. Лондонскиот тим на „Емирати“ го совлада Брајтон со 2-1 и ги израдува своите навивачи во последниот меч од календарската година.
„Топчиите“ поведоа уште во раната фаза преку Мартин Одегард, кој со прецизен удар од далечина го постигна својот прв гол сезонава. Во продолжението притисокот на Арсенал вроди со плод и преку несреќна реакција на Рутер стигнаа до втор погодок. Гостите успеаја само да го ублажат поразот со голот на Гомез, но бодовите останаа во Лондон. Со овој триумф Арсенал има два бода повеќе од Манчестер Сити.
Ливерпул исто така запиша домашна победа, иако потешко од очекуваното го скрши отпорот на Вулверхемптон (2-1). Во самиот финиш од првото полувреме Гравенберг и Вирц донесоа водство од 2-0, кое се покажа како доволни. Буено погоди за гостите во вториот дел, но домашните се одбранија.
На останатите средби Брентфорд со убедлив настап го победи Борнмут со 4-1, предводен од расположениот Кевин Шаде кој постигна три гола. Фулам пак изненади на гостувањето кај Вест Хем и славеше со минимални 0-1, благодарение на голот на Раул Хименез. Колото понуди и еден натпревар без погодоци, откако Барнли и Евертон на „Турф Мор“ одиграа 0-0.