Арсенал и Ливерпул се вклучија во трката за Лукман, Аталанта сака рекорден трансфер

by bojan
1 минути читање
Лукман

Аталанта трие раце откако Арсенал и Ливерпул се приклучија во трката за Адемола Лукман, се шпекулура дека „црно-сините“ од Бергамо сега бараат околу 65-70 милиони евра.

Минатата недела, Адемола Лукман побара да не настапи против Лече откако интерес за неговите услуги пројави ПСЖ.

Тогаш се пишуваше дека Аталанта може да го продаде напаѓачот доколку добие понуда од 45-50 милиони евра.

Сепак, денеска се појавија информации за интерес на Арсенал и Ливерпул, па цената на играчот скокна за 50%.

„Топчиите“ се подготвени да платат 50 милиони плус бонуси, или да го додадат дефанзивецот Јакуб Кивиор во зделката.

Ливерпул во овој момент само се распрашува за условите под кои може да се реализира зделката.

По новиот развој на настаните, Аталанта ја сега бара 65-70 милиони евра за разделба со Адемола Лукман.

Со вакви бројки, Нигериецот ќе биде една од најскапите продажби на Аталанта, поскап ќе биде само транфсерот на Расмус Хојлунд во Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани