379
Арсенал нуди 35 милиони евра за Мојзе Кин, но Јувентус сака во договорот да има опција според која можат да си го вратат.
Кин важи за голем талент, кој може многу да напредува ако игра во клуб каде би бил стандарден првотимец, токму затоа е таквото барање на Јувентус.
Евертон, Борусија Дортмунд и Севиља исто така се поврзуваа со Кин, но сега фаворит е Арсенал
Според „Тутоспорт“, Јувентус бара да може да го откупи назад Кин за сума од 40 милиони евра.
За потенцијалот на овој фудбалер говори фактот што негов менаџер е Мино Рајола.