Арсенал го руши клупскиот рекорд за младата ѕвезда на ПСЖ?

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал започнал преговори со ПСЖ за трансфер на францускиот репрезентативец Бредли Баркола, пренесуваат медиумите во Франција.

Младиот офанзивец оваа сезона нема значајна минутажа во Париз, бидејќи Луис Енрике најчесто се одлучува за триото Дембеле, Дуе и Кварацкелија. Токму тоа го зголемило незадоволството кај Баркола и ја отворило можноста за неговo заминување, што Арсенал сака да го искористи.

Во Лондон го гледаат Баркола како идеално решение за левата крилна позиција, каде што Артета сè уште бара дополнителен квалитет. Иако ПСЖ му понудил нов договор, се верува дека фудбалерот е подготвен за нов предизвик и поголема улога.

Францускиот клуб за неговиот потпис наводно би барал сума до 120 милиони евра, што би било нов рекорд за Арсенал, над трансферот на Деклан Рајс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×