Екипата на Арсенал попладнево го потврди трансферот на Нони Мадуеке кој пристигнува од редовите на Челси.
Арсенал не откри колку, но според информациите на медиумите, „топџиите“ на „сините“ исплатиле сума од 50 милиони евра.
Мадуеке во Челси помина повеќе од две годин откако притигна во јануари 2023 година, а стигна и до репрезентацијата на Англија за која собра седум настапи.
„Многу сме задоволн што успеавме да го доведеме Мадуеке. Неговите бројки и настапи во последните години се навистина одлични и тоа ја потврдува неговата класа и професионализам. Станува збор за динамичен и разновиден фудбалер кој сигурно ќе донесе квалитет“, изјави спортскиот директор на лондонскиот клуб, Андреа Берта.
Во Арсенал, Мадуеке ќе го носи дресот со број 20.