Арсенал го потврди Артета, Шпанецот доби три ипол годишен договор и јасна порака од сопственикот

by
1 минути читање

Микел Артета се
враќа на Емирати, Шпанецот ќе го наследи својот сонародник Унаи Емери на жешкото
тренерско столче.

„Задоволени сме
што можеме да соопштиме дека Микел Артета ќе биде нашиот нов тренер. Микел, кој
е поранешен капитен на Арсенал и играше за нас пет ипол сезони од 2011 до 2016,
стави потпис на три ипол годишен договор“
– гласеше известувањето на
„топчиите“.

За новата авантура,
Микел Артета вели: „Ова е голема чест. Арсенал е еден од најголемите клубови во
светот. Треба да се бориме за најголемите трофеи, ова ми беше ставено јасно до
знаење на разговорите со Стен и Џош Кронки и останатите директори во клубот. Сите
знаеме дека не чека многу работа, но убеден сум дека ќе успееме. Знам дека
ништо нема да се случи преку ноќ, но во составот има доволно талентирани играчи
и доста млади фудбалери кои доаѓаат од академијата“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×