Арсенал се радува на гостинска победа од 1-0 кај Олимпијакос, топчиите имаат одличен резултат по првиот дуел со грчкиот тим.
Клучниот момент се случи во 81. минута кога по асистенција на Сака, Лаказет реализираше за водство кое значеше и победа.
Рома со истиот резултат го победи Гент но тоа го направи на свој терен. Перез уште во 13. минута реализираше и тоа беше единствениот гол на Олимпико.
Интересно беше на дуелот меѓу Глазгов Ренџерс и Брага, домаќините губеа со 2-0, но на крајот победија со 3-2.
Волвс со убедливи 4-0 ја совлада екипата на Еспањол.
Резултати Лига Европа:
Клуж – Севиља 1:1
Клуб Бриж – Манчестер јунајтед 1:1
Ајнтрахт – Салцбург 4:1
ФК Копенхаген – Селтик 1:1
Хетафе – Ајакс 2:0
Лудогорец – Интер 0:2
Шахтар – Бенфика 2:1
Спортинг – Башакшехр 3:1
АЗ Алкмар – АПОЕЛ 1:1
АПОЕЛ – Базел 0:3
Рома – Гент 1:0
Леверкузен – Порто 2:1
Олимпијакос – Арсенал 0:1
Ренџерс – Брага 3:2
Волфсбург – Малме 2:1
Волвс – Еспањол 4:0