Арсенал го победи Челзи и го продолжи походот кон титула! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал го доби градското дерби против Челси со 2-1 во 28. коло од Премиер лига и ја зацврсти позицијата на врвот.

„Топчиите“ поведоа во 21. минута кога по корнер најдобро се снајде Вилиам Салиба и донесе предност. Домаќинот имаше уште неколку добри моменти, но во финишот на првиот дел Челси израмни со автоголот на Хинкапие по удар од аголот на Џејмс за 1-1.

Во второто полувреме Арсенал повторно притисна и во 66. минута Јуриен Тимбер со удар со глава по нов корнер погоди за 2-1. Гостите дополнително си ја отежнаа задачата кога Педро Нето беше исклучен, па во завршницата и покрај обидите не успеаја да избегнат пораз.

Арсенал има 64 бода и останува лидер, додека Челзи со 45 е на шестата позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×