На почетокот на годината за многумина беше изненадување заминувањето на Еду од местото спортски директор во Арсенал, а клубот се уште не именувал негов наследник.
Според последните информации од Лондон сега е блиску тоа да се случи.
Наводно, нов спортски директор на Аренал треба да биде добро познато лице за навивачите, Томаш Росицки, Чехот кој десет години помина во Арсенал како фудбалер.
Во овој момент Росицки работи како спортски директор на Спарта Прага и на „Емирати“ би требало да се врати на крајот од сезоната.
Артета и Росицки добро се познаваат бидејќи беа соиграчи под водство на Арсен Венгер, а неодамна даде и изјаваа во која истакна дека има одличен однос со својот поранешен соиграч.
Исто така Росицки е близок со Пер Мертезакер, уште еден поранешен фудбалер на „топџиите“ кој денес работи во академијата на Арсенал.