Арсенал го демантира „Билд“: Не сме имале контакт со Тухел

by
0 минути читање

Престижниот германски весник „Билд“ објави дека претставници на Арсенал биле во контакт со Тухел кој сакаат да го ангажираат за наследник на Венгер.

Но од англискиот клуб ги негираат ваквите пишувања на весникот.

Портпаролот на Арсенал, за Скај Спортс изјавил дека тоа што го пишува Билд не е точно.

Се уште е неизвесно дали Венгер ќе го продолжи договорот со Арсенал. Актуелниот му истекува по крајот од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани