Арсенал е близу до капитално засилување, ама за летниот преоден рок!

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал веќе размислува за летниот преоден рок бидејќи преговара со фудбалерот Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.

„Топчиите“ иако се наоѓаат среде сезона во која го бркаат лидерот Ливерпул во Премиер лигата и имаат проблеми со повреди, не размислуваат за засилувања кои би дошле веднаш. Напротив, клубот работи на трансфер за летниот преоден рок.

Нема сомнеж дека Зубименди би бил капитално засилување за премиерлигашот. Во неговиот договор со Сосиедад има откупна клаузула од 60 милиони евра која Арсенал планира да ја активира.

Клубот и играчот се близу да постигнат заеднички јазик за овој трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани