Арсенал до крајот на преодниот рок ќе му украде уште еден фудбалер на Тотнем?!

by bojan
1 минути читање

„Топчиите“ ќе му зададат уште еден удар на трансфер пазарот на лутиот градски ривал Тотнем, Арсенал се договори со Пјеро Инкапие, и наскоро ќе достави конкретен предлог до Баер Леверкузен.

Арсенал минатата недела го украде Еберечи Езе од пред носот на Тотнем, а до крајот на преодниот рок можат да му зададат нов удар на лутиот градски ривал.

Јакуб Кивиор е пред преселба во Порто, па Микел Артета бара ангажман на нов дефанзивец и изборот паднал на Пјеро Инкапие од Баер Леверкузен.

Дефанзивецот, кој исто така е мета на Тотнем, за кратко време си подал рака со „топчиите“ за долгорочен договор.

Сега останува Арсенал да пронајде заеднички јазик со Баер Леверкузен за условите под кои ќе се реализира зделката и наскоро ќе достави конкретен предлог.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×