Најсилната страна на Арсенал се прекините, па Микел Артета смисли начин како да извади уште повеќе од тој момент.
Во последните сезони Арсенал стана најдобар тим во Европа од прекини, особено од корнер, голем број од погодоците им се постигнати со нафрлување.
Тоа е затоа што имаат тренер специјалист за прекини и посебно внимание обрнуваат на тој дел од играта.
Но, топчиите сега одат чекор понапред. Можеби звучи чудно, но Арсенал ангажираше тренер за аути.
Тие го донесоа Данецот Томас Гронемарк, поранешен дански спортист кој го држи гинисовиот рекорд во најдолго фрлен аут.
This is Arsenal’s new ‘Throw-in Specialist’ Thomas Grønnemark…
— EPL Bible (@EPLBible) January 14, 2026
What on earth is Arteta building?! 😳 pic.twitter.com/QcJpeoXL12
Тој работел како тренер во помали клубови како Виборг, Митјиланд, Силкеборг, Брентфорд… па дури и во Ливерпул меѓу 2018 и 2023.
Останува да се види како Арсенал ќе го искористи него и дали ќе нафрлуваат често и од аути, па ќе бидат уште поопасни од прекините.