Херојски меч на Манчестер Јунајтед: Издржа со десетмина повеќе од еден час, па на пенали го исфрли Арсенал од ФА Купот! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се пласираа во четвртото коло во ФА Купот, откако го добија дербито со Арсенал по подобро изведување пенали со 3-5 (1-1). Натпреварот на „Емирати“ мина во знакот на борбената игра на „црвените ѓаволи“ кои повеќе од еден час играа со човек помалку. Арсенал се изнапромаши и тоа на крајот беше казнето во пенал серијата.

Натпреварот тргна со неважечки гол на Габриел Мартинели. Првиот дел беше израмнет и не понуди премногу возбудувања, но веќе на стартот на второто полувреме Бруно Фернандеш го отвори резултатот. Португалецот доби топка од Гарначо и со одлична паралела ја испрати во мрежата (0-1). Следеше исклучување за Диого Далот, бидејќи доби втор жолт картон.

Арсенал презеде инцијатива и почна да доминира. Се закануваа домашните од повеќе позиции, а израмнувањето пристигна по еден прекин преку Габриел кој покажа дека знае да погодува и со нога за 1-1 во 63. минута.

Мегваер направи пенал по 69 минути игра. Сепак, ударот на Мартин Одегард од 11 метри го одбрани младиот голман Алтај Бајиндир. Доминираше Арсенал, се редеа шансите по неколку пати се обидуваа Хаверц и Рајс од изгледни позиции, ама мрежата на Јунајтед мируваше. На спротивната страна во продолженијата обид имаше Џошуа Зиркзе и изнуди интервенција на Раја. Откако немаше победник по 120 минути, мечот прејде во изведување на пенали.

Пеналите тргнаа со голови на капитените Бруно и Одегард, потоа погоди Диало, а Хаверц изведе очаен пенал кој Бајиндир лесно го одбрани. Во третата серија погодуваа Јоро и Рајс, во четвртата сигурни беа Мартинез и Парти (4-3), а потоа Зиркзе ја затвори серијата и го реши мечот.

Со пресврт во четвртото коло се пласира Њукасл Јунајтед, совладувајќи го четвртолигашот Бромли со 3-1. Поведоа гостите на „Сент Џејмс Парк“ сензационално преку Конгрив, а потоа домаќините преку Мајли, Гордон и Осула стигнаа до својата цел.

Во четвртата рунда се пласираа и Кристал Палас со победа од 1-0 над Стокпорт со голот на Езе, додека Ипсвич беше поубедлив и со 3-0 го совлада Бристол Роверс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×