415
„Кралевите“ овој
месец имаа жесток распоред, на програмата се дерби пресметки против Атлетико
Мадрид и Барселона, како и двомечот против Баерн Минхен во Лигата на
Шампионите.
Па Зинедин Зидан
реши да калкулира за дуелот со малиот Леганец и блиското гостување кај
локалниот ривал.
Стратегот реши да
одмори тројца клучни играчи, па во составот ги нема Кристијано Роналдо, Герет
Бејл и Тони Крос.
На социјалните
мрежи мислењата се поделени по ваквиот потег на лидерот на табелата, некој мислат дека
тоа што за овие играчи нема место ниту на клупата е ароганција, додека пак
други веруваат дека е паметно чување на силите.
Реал Мадрид веќе овој викенд го пречекува Атлетико Мадрид на Сантијаго Бернабеу.