Трент Александер Арнолд си подал рака со Реал Мадрид за петгодишна соработка и плата од 15 милиони евра по сезона, Ливерпул знае дека ја изгубил битката и веќе го пикирал Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен како замена за Англичанецот.
Тренет Александер Арнолд ги одработува последните месеци од договорот со Ливерпул, и како одминува времето се погласно се говори за негова преселба во Реал Мадрид.
Како што пренесува Скај Спорт Швајцарија, десниот бек конечно си подал рака со „кралевите“ за петгодишна соработка.
Неговата плата ќе изнесува околу 15 милиони евра по сезона, ќе има атрактивни бонуси поврзани со перформансите, а ќе добие и бонус за потпис еднаков на разумна трансфер сума.
Ливерпул во неколку наврати се обидел да го убеди Александер Арнолд да остане на Енфилд, но „црвените“ се помириле дека Англичанецот заминува и почнале да бараат негова замена.
Скај Спорт Швајцарија вели дека прв пик е Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен и тренерот Арне Слот е во постојан контакт со својот сонародник, планирана е средба лице в лице во следниот период.
Ливерпул наскоро ќе достави и конкретен предлог до Баер Леверкузен, кој бара 40-50 милиони евра за услугите на десниот бек.