229
Марко Арнаутовиќ доцна синоќа го официјализираше трансферот во Црвена звезда, австрискиот фудбалер стави потпис на договор до 2027 година со српскиот гигант.
Арнаутовиќ во Црвена звезда пристигна од Интер, но претходно настапуваше за Болоња под водство на Синиша Михајловиќ кој беше легенда на црвено-белите од Белград.
„Му ветив на Синиша дека ќе дојдам во Звезда, сега сум тука“, рече Арнаутовиќ кој ќе го носи дресот со број 89.
Покрај Интер и Болоња, Австриецот во својата кариера настапуваше и за клубови како Вест Хем, Стоук, Вердер…
Za Sinišu! ❤️
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) July 21, 2025
🔴⚪️ #fkcz pic.twitter.com/q2O3Ez803R