279
Малку фалеше Босна и Херцеговина директно да се пласира на Светското првенство, тоа не се случи, па разочарувањето кај Босанците беше огромно.
На БиХ ѝ требаше победа против Австрија во Виена. Водеа од 12. минута, но во финишот од мечот примија гол и не успеаа да го освојат првото место и да изборат директен пласман на Мундијалот. Ќе се обидат по потешкиот пат, преку баражот.
„Болно и тажно е да ги гледате играчите во соблекувална, но животот оди понатаму и сигурно дека ќе собереме сила и ќе го нападнеме баражот во март“, рече емотивниот Барбарез по натпреварот.
Среде интервју му влезе австрискиот репрезентативец, Марко Арнаутовиќ и му кажа два-три утешни збора покажувајќи класа.