Аргентински голман го откри уникатниот прекар на Меси од детството!

by 24 фудбал
1 минути читање

Хернан Галиндез, голманот на Хуракан, откри интересна приказна од младинските денови и дуелите со Лионел Меси, кога актуелната ѕвезда на Интер Мајами настапуваше за Њуелс Олд Бојс. Аргентинецот се присети на прекар кој речиси никогаш не се споменувал во јавноста и кој совршено го опишувал талентот на младиот Меси.

Галиндез откри дека Меси тогаш бил познат како „Црвениот што носи број 10“. Според него, самиот прекар бил доволен да внесе страв кај противникот.

Го нарекуваа Црвениот што носи број 10. Ако си слушнал а тоа име, знаеш дека веќе губиш со 3-0. Беше ѕвер. Постојат снимки на кои се гледа како игра, а во живо беше застрашувачки да гледате како некој игра толку добро на тие години“ рече Галиндез.

Аргентинецот уште еднаш потврди дека Меси уште од најрана возраст бил феномен за кој сите знаеле дека ќе стигне до самиот врв.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×